1. Подготовка на подлогата.
Млекото и чоколадото се загреваат додека да се растопи чоколадото. Кога ќе биде готово се остава да се подолади и се додава во мелените бисквити во кои е додаден шеќерот во прав. Смесата се става во округли калап за торта (со обрач) бр 24. Се остава во фрижидер да се стегне додека се подготвуваат филовите.
2. Подготовка на кремовите.
На исти принцип се подготвуваат двата крема.
Во тенџере на оган се става 300 мл млеко да зоврие. Во останатите 50 мл млеко се промешуваат пудинзите со шеќерот и се додава во зовриеното млеко. Се вари на тивко додека да згусне. Готовиот пудинг се трга на страна и со мешање се додава кремот и чоколадото за да се растопат. Се остава да се олади со повремено промешување да не фати коричка. Во млакиот крем се додава омекнатиот маргарин и се мати за целиот крем убаво да се соедини.
Кога и двата креме ќе се оладат се додава првин белиот крем над подлогата и најодозгора чоколадниот. Се остава убаво да се олади пред сервирање.

Оваа торта си дојде многу спонтано, ни се јадеше нешто благо и земав да варам пудинг. Па си помислив ај да смешам нешто да не биде класичен пудинг. Ама кога тргнав да експериментирам реков тогаш нека биде торта. И излезе ова прекрасно лесно тортуле. Експериментот успешен сите среќни и задоволни.
Нема слики од подготовката зашто беше непланирана торта. Кога ќе ја правам пак ќе сликам и ќе додадам.
Добар апетит ))
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови