Пројата се подготвува скоро во секој дом и секој си има свој начин и рецепт. Еве го и мојот рецепт, се надевам ќе ви се допадне.
1. Во поголем сад скршете ги јајцата, додадете малку сол и водата и зејтинот и убаво промешајте. Во водените состојки додадете ги двата вида брашно и пецивото, измешајте за да нема грутчиња и да добиете убава мазна смеса  и готови сме.
2. Вообичаено во смесата додавам сирење, но сега решив малку да сменам, а вие може по желба. Во намрсен плех бр. 40 ставаме малку повеќе од половина од смесата и ставаме да се запече во претходно загреана рерна на 220С. За тоа време подгответе го филот, сирењето изгмечете го со вилушка, додадете ги јајцата и ако има потреба и малку сол. Кога ќе се запече горниот дел извадете од рерна, внимателно распоредете го филот па од горе сипете го останатиот дел од смесата и израмнете. Наросете со сусам (ким,мак,лен) или оставете така. Вратете во рерна и печете прво на 220С, а потоа намалете на 180С.
Оставете малку да се излади, исечете на парчиња и послужете со јогурт.

Добар апетит.

*Чашата е од 200мл., но може да користите било каква само да мерите се со истата. Исто така да напоменам дека никогаш не ставам полни чаши зејтин, па отприлика би дошло малку повеќе од 2.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани