Никогаш доста од месени работи. Ова ми е најновиот експеримент, кој како за прв пат излезе одличен. Иако има малку компир сепак вкусот е посебен, а остануваат меки и наредниот ден.

1. Уште додека е топол варениот компир испасирајте го убаво, додадете го јајцето, шеќерот, солта и млекото со растопениот квасец и убаво измешајте. Постепено додавајте од брашното додека се добие убаво малку лепливо, меко тесто. Покријте со крпа и оставете да стаса.
2. За филот. Спанаќот ситно исечкајте го, посолете малку и оставете да пушти течност. Прецедете па додадете го дробеното сирење и убаво промешајте за да се спои смесата. Ако има потреба и посолете.
3. Тестото е лепливо, па повнимателно месете, но трудете се да не доадавате многу брашно затоа што ќе биде тврдо. Поделете го на 2 дела и од секој дел на набрашнета работна маса со сукало развлечете кора (дебелина 3-4мм). Кората премачкајте ја убаво со размекнатиот маргарин, исечете на 6 триаголници. На крајот од секој триаголник ставете од филот, свиткајте како ролат и потоа во форма на потковица ставете на подмачкан плех. Премачкајте ги со разматено јајце и наросете со сусам (или друго по желба) и ставете да се печат во загреана рерна на 220С.
Малку нека се изладат, послужете со кисело млеко или јогурт.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани