Гравот се вари на тивок оган заедно со пиперките.
Гравот се вари, но се оставаат зрната малку потврди.
Потоа се претура гравот во земјено тавче се додава солта, мешаниот сув зачин, буковецот, нането и кромидот (претходно сецкан и пржен на врело масло).
Се сипа и од водата во кој се вареше гравот и се печи на 200 степени околу 40 мин.
Ако сакате во гравчето можете да додадете и малку пржено лукче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови