Мојата 100-ка =)
Посна, кремаста, вкусна и што е најважно целосно здрава и без додавање на шеќер.

Би сакала прво да кажам едно големо благодарам на целиот тим на МоиРецепти што ни овозможија виртуелно да се дружиме, да учиме едни од други и да споделуваме најразлични рецепти =)
Секако благодарност и до вас девојки, за сите ваши рецепти (дел испробани, дел на листа на чекање =)) и за сите позитивни коментари и критики за испратените рецепти.

Посните денови за мене се инспирација и доказ дека и посните јадења се подеднакво вкусни и многу лесни за подготовка. Особено последниве години се трудам тоа да биде и без масло. Верувајте има многу многу рецепти.
За да не биде премногу за читање, да почнеме со подготовката.

1. За основата, урмите измелете ги на машина за мелење и спојте ги со мелените јатки (користев ореви), овесот и какаото. Убаво измесете со раце за да се соедини. Расплескајте убаво во калап со бр.18. Доколку е обичен калап ставете најлонска фолија, а ако е од калапите со прстен не мора.
2. Овошјето оставете го убаво да се одмрзне, прецедете го од сокот, доколку има покрупни делови пресечето па распоредете го врз основата, оставајќи 1см (да не допира до краевите). Може да користите и банани или некое овошје по избор.
3. За кремот, сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не се добие убава кремаста смеса. Нанесете ја врз овошјето и внимателно со шпатулка распоредете рамномерно. Ставете го калапот во фрижидер да се стегне малку.
4. На тивок оган растопете ги јаворовиот сируп и какаото. Внимателно извадете ја тортата од калапот и чоколадирајте. Декорација по желба.
Тортата е доста мека, особено кремастиот дел, па пожелно е да се чува во замрзнувач. Извадете ја 30тина мин. пред служење.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани