Исечканиот на коцки кромид и праз ставете ги да се пржат на масло. Додадете ги исецканите моркови и мелените буковки. (јас обично ги мелам дршките од свежите буковки на машина за месо). Пржете ги додека не добијат сите златна боја, зачинете ја смесата со зачин, бибер, сол, мајчина душица. Излупените компири исечени на кругови наредете ги половина во земјена тава претходно полиена со масло, посолете ги и нанесете ја смесата од буковки. Врз нив ставете ги печените лупени пиперки отворени. Посолете ги и врз нив ставете ги остатокот од компирите исечени на кругови. Посолете и налијте во тавата 300 мл вода и 500 мл доматен сос. Ставете ја тавата да се пече околу 1 час на 220 степени. Декорирајте со суви домати и свеж магдонос. Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови