Компирите и кромидот ги рендаме, го додаваме месото, пецивото, водата, пиперта, брашното, вегетата и зачинуваме. Убаво ја мешаме целата смеса и ја оставаме да отстои 30 мин. во меѓувреме го подготвуваме филот. Кашкавалот го рендаме и го додаваме јајцето. Убаво мешаме. Од месото правиме топчиња ги расплескуваме им ставаме од филот и ги формираме ќофтињата. Во врело масло ги пржиме ќофтињата.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава за пржење

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови