Тенџере со вода ставете го да зоврие. Потоа додајте го оризот и морковот исецкан да се варат. По неколку минути додајте го кромидот исецкан и грашокот и продолжите со варењето додека омекне оризот. Доколку користите грашок од конзерва додајте го на крај заедно со туната. Потоа исцедете го од водата и оставете го да подолади. Додајте ја туната заедно со маслото, посолете по вкус и измешајте. Оставете го настрана.
Пиперките исечете ги по должина на пола и извадете го семето. Малку посолете ги. Ставете ги во плехче намачкано со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. По изминатото време извадете ги од рерна и внимателно со лажиче наполнете ги со подготвениот ориз.
Вратете ги во рерната да се допечат уште 20-на минути.
Вака подготвените пиперки можат да се послужат како предјадење од риба или како главно јадење со некоја салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани