Се замесува тесто од сите состојки.
Брашното се сее и се става во подлабок сад. Киселата павлака се разматува со вилушка заедно со жолчките и се додава кон брашното. Маргаринот се сече на лентички и се замесува тесто кое треба да биде мазно, па се остава да се одмори 30 минути.
На набрашнета маса се развлекува кора и со чаша или друга модла се ваѓаат погачки. Се редат во подмачкан плех и се печат околу 20-25 минути на 180 степени. Пред печење се премачкуваат со разматена жолчка и се наросуваат со семиња по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани