Ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер, откога добро ке се изматат го додаваме јогуртот и продолжуваме да матиме со миксерот и го додаваме и маслото за јадење.
Во друг сад посебно го размешуваме брашното со пецивото, ориганото и солта па ги додаваме во садот со јајцата и мешаме со лажица.
Во садот со јајцата ги додаваме и шунката и кашкавалот и мешаме со лажица дури не добиеме хомогена смеса.
Мафините може да ги печеме во посебни калапи или пак во хартиени корпички за слатки, јас исто ја имам правено оваа смеса и како куглоф и така е многу добра. Значи кој какви калапчиња си има во такви нека ги направи но најважно е дека треба да се добро подмачкани калапчињата во кои ке печете.
Полниме 3/4 од калапчето или корпичката и ги печеме во претходно загреана рерна на 250 степени околу 15-тина минути.
Чекаме добро да се оладат па ги вадиме мафините од калапчињата, ги сервираме и бон апетит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови