Знам дека има многу љубители на вакви печива, а по желба на децата правам и ваква пица бурек од тегнети кори, па еве да ја споделам со вас. Се надевам дека ќе ви се допадне.

1. Замесуваме тесто од состојките за тесто. Од типот на брашното зависи колку вода ќе ви треба за замесување, ама треба кога ќе го замесиме средно меко да ни биде.
2. Го делиме на пет топчиња, кои ги расукуваме со пречник од 20 см. Секое кругче го мачкаме со масло. Ги оставаме 25 мин да го впијат маслото, за да може убаво да се тегнат.
3. На маса со мушама или на чаршав (како ви е полесно, јас преферирам чаршав) ја растегнуваме првата кора, убаво, внимателно за да не ни се скине, од сите страни ја тегнеме. Краевите ги кинеме. Ја попрскуваме со 2 лажици масло и ставаме листови печурки, сечкана на коцки (може и во листови) шунка, ставаме кечап и рендан качкавал. Филот може да се направи и на тој начин што ќе ги исечкаме сите состојки и ќе ги измешаме.
4. Кората ја затвораме како плик и ја тргаме на страна.
5. Следната кора, ја тегнеме на ист начин како првата. Ја попрскуваме со масло. Во средината на втората ја ставаме преклопената прва кора. Ставаме од филот врз плик кората и ја преклопуваме втората кора врз пликот. Третата исто како и втората ја тегнеме и во средината го ставме пликот од првите две. Попрскуваме со масло, ставаме фил и преклопуваме.
Така со сите кори. Секоја кора, како што кажав ја попрскувам со масло и и ставаме од состојките.
6. Пред печење готовиот бурек треба да одстои 10-15 мин. Ја печеме во тавче бр.30 или 32 на 220 степени. Кога ќе биде испечена ја превртуваме, сечеме и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани