Овие прекрасни питички во моето семејство беа прифатени и „полапани“ со големо воодушевување па затоа топло ви ги препорачувам.

1. Во тенџере ставаме путер, сол и шеќер и го ставаме на оган да зоврие. Кога ќе зоврие одеднаш го ставаме брашното и енергично мешаме се додека тестото се направи како топка. Го тргаме настрана и убаво го ладиме.
2. Потоа со миксер, со жиците за тесто почнуваме да го матиме и додаваме едно по едно јајце. Значи првото јајце го ставаме и матиме се додека да се соедини во тестото и така со сите четири јајца. Исто како кога премаме тесто за еклери само треба да ни биде малку потврдо.
3. Сирењето го рендаме и го мешаме со јајцето, кашкавалот го сечкаме на тенки листови и парчиња, како и сланината. Рерната ја загреваме на 200 степени.
4. Тестото го развлекуваме со оклагија или сукало на многу брашно и посипано со многу брашно. Тестото е лепливо, затоа треба на подлогата каде што ќе го развлечеме да има посипано многу брашно за да не ни се залепи подлогата а и сукалото.
5. Со нож сечеме квадрати, мене ми излегоа 16-18 кои по краевите со четка ги мачкаме со разматено јајце. Ставаме од филот со сирењето и по парче сланина и кашкавал. Затвораме да добиеме триаголник, а може и правоаголник.
6. Со помош на четка, нежно поминуваме преку тестото за да го отстраниме вишокот на брашно. Со четка го премачкуваме секое парче со разматено јајце и посипуваме со микс од сечкани семиња.
7. Секое парче го ставаме на намрсена хартија и печеме во загреаната рерна, која нема да ја отвораме 30-35 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани