Започнуваме со миење на везените пиперки,ставете ги во сад за варење заедно со месото.Вариме околу еден час.
Во меѓувреме празот го сечеме на ситни парчиња и го тргаме на страна.Морковот и компирите излупени и исечени на покрупни парчиња ги вариме десетина минути на тивок огин.
Везените пиперки ги сечкаме на ситни парчиња,може да ги ставите во сецко и да ги смелете.Во мало количество зејтин пропржете го празот,додадете ги варените моркови и компир и нив малку пропржете ги.
Во земјена тава измешајте ги сите состојки: морковот,компирите,месото,празот и везените пиперки.Сега во овој степен на подготовка колку за мирис додадете сто грама димена сланина и 100мл.бело вино.Додадете малку мешан зачин,сол и магданос по желба.
Мнозинството во мојата фамилија се љубители на пикантна храна,ви е можете да ги изоставите лутите в.пиперки со благи.
Тавата ја потпекуваме половина час на 200степени.

Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани