Печена риба секогаш добредојдена кај нас дома, а кога не сте расположени за пржење ова ви е одлична идеја. Парчињата риба посолете ги намрсете со масло (јас користев маслиново масло) налејте ги со бело вино и оставете ги цела ноќ.
Наредниот ден исецкајте го лукчето, ставете ги морковите сечени на тркалаца, ставете уште малку масло, малку вода и печете прво со фолија околу 15 минути, а потоа извадете ја и допечете од двете страни. Печењето по ваш вкус, колку сакате да бидат, не ги препекувајте не се вкусни ако не се сочни. На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови