1. Во сад за месење се става млака вода, квасецот, шеќерот и солта, да се зафати квасецот потоа се додава брашното и се замесува тестото. Тесото се остава да кисни околу 30 минути.
2. Кога тестото е зголемено се дели на 12 еднакви делови. Од секој дел да се создаде ` црв `, со должина 50 см. Од секој дел се прави перек.
3. Во плитко тенџерче се става водата да се загрее и во неа се раствора сода бикарбона. Потоа секој пререк го потопуваме во водата и го редиме на плех на кој сме ставиле хартија за печење, ги посипуваме со солта и ги оставаме да киснат 10-15 минути.
4. Потоа ги печеме во загреана рерна на 200 степени 10-15 минути или додека не добијат златна боја. Кога ќе ги извадиме од рерна се премачкуваат со растопен путер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани