Најпрво неколку часа пред подготвувањето, а уште поубаво да отстои една вечер се припрема месото. Се сече на поситни коцки-парченца, се соли и зачинува. Убаво се промешува и се остава да ги впие зачините

Тестото се спрема на следниов начин. Во длабок сад за месење се ставаат сите состојки. Квасецот претходно скиснат се додава во садот и се замесува средно меко тесто кое се остава да стасува околу еден час. Стасаното тесто се размесува уште еднаш и повторно се остава да кисне овој пат пократко време (околу 20-тина мин.). Кога и втор пат е стасано се размесува и се дели на 8 дела. Поделените делови се обликуваат како топчиња и по трет пат се оставаат да киснат. Кога и тие нараснале се обликуваат пастрмајлиите. Врз секоја од нив се ставаат парченца од претхотно приготвеното месо и парченца свинска маст. Се печат 20 мин на 220-250 степени.

Пастрмајлиите порано се правеле од од овчо солено пушено месо-пастрма па и од таму името пастрмајлија ама денес пошто тешко се наоѓа добра замена им е и свинското месо. Ако се снајдете со пастрма ќе е многу поубава. Епа добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови