Уште еден рецепт за десерт кој верувајте е прекрасен.

Се мати слатката павлака до потребната густина.
На страна се пасира капините со шеќерот во прав.
Се прави пире од капините.
Се помешуваат и се полнат во готварски шприц.
Палачинките се прават стандардно.
Можете да одберете рецепт по свој вкус.
Премачкајте ја палачинката со филот и свиткајте ја во ролна. Поминете со шприцот полн со слатка павлака, по целата должина на палачинката, попрскајте со растопен мед и сецкани оревчиња.Наместо мед можете да ставите чоколаден прелив.
На здравје со оваа сладурија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови