Брз, лесен и вкусен десерт посебно погоден за деца. Уште повеќе ќе се радуваат доколку им дозволите да помогнат околу подготовката на истиот.
Најпрво подгответе го чоколадниот сос. Во еден длабок сад ставете го млекото и чоко-нугат кремот. Убаво промешајте за да се стопи кремот. Додадете го сосот од ванила и со жица за матење убаво изматете додека смесата се згусне. Ставете во фрижидер.
На ред се вашите дечиња или внучиња да помогнат -)).
Парчињата леб ставете ги на една даска за сечење леб. Секое парче тост леб исечете го во средина со модли за колачи со форми по желба. Мелените лешници ставете ги во еден сад. Овој дел од подготовката е посебно омилен кај најмалите па затоа дозволете им и тие да бидат дел од неа -)).
Јајцата и шеќерот изматете ги убаво и додадете го млекото. Ставете ја смесата во еден широк рамен сад.
Вклучете го апаратот за печење вафли и намастете ја површината за печење. Секое парче леб убаво натопете го од двете страни во смесата со јајца. Извалкајте во мелените лешници и ставете да се пече на средна температура во апаратот за вафли. Повторете ја постапката со сите парчиња леб и секако со формите кои ги исековте. Секојпат од ново премачкајте го апаратот со зејтин бидејќи јаткастите плодови инаку се лепат за површината.
Ставете еден вафел на тањир и празнината наполнете ја со сосот. Наросете со шеќер во прав и декорирајте со овошје по желба - банани, јагоди, мандарини....
Ова е оригиналниот рецепт за овие вафли. Секако дека сосот може да го подготвите по ваша желба, не мора да е чоколаден, може да биде и овошен, подготвен од свежо сезонско овошје.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани