Кога бев мала ги НИШТЕВ, ама буквално ги ништев. Не беше тоа јадење, беше јадење додека има =))

Лесен рецепт, брз рецепт, солидна доза, дури ни јас не се осмелив да направам дупла. Вагата ми глуми мртва веќе неколку месеци. Јасно ми стана дека морам да одморам од ништење храна =))

Белките изматете ги со шеќерто во густа пена која нема да падне од садот.
Шеќерот и водата ставете ги да се варат и нека провријат неколку минути.
Топлиот сируп во тенок млаз се додава на изматените белки и се мати постојано додека се додава.

Во смесата додадете ги мелените и сецкани ореви и измешајте убаво со шпатула, да се распоредат рамномерно.

Ќе добиете малку леплива смеса. За да формирате потковици или фроми по ваша желба навлажнете ги дланките и формирајте ги орасниците. Правете ги сите парчиња еднакви, за поубаво да се испечат.
Секоја орасница пред да ја ставите во тавата за печење извалкајте ја во сецканите ореви.

Печете во загреана рерна на 150 степени, 25 мин.

Доколку користите тавче од рерна, постелете го со хартија за печење. Доколку го користите Делимано ростерот не го премачкувајте и не постелувајте хартија, нема да залепи. Проверено :)

Можат да стојат долго време, суви се и нема да се расипат. Чувајте ги на суво место за да не впијат влага. Нормално дека е поубаво да се крцкави :)

Пријатно јадење :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани