Рибата сардина ја сакаме на секој начин, но ја употребуваме и на следниов начин.
Со вилушка го пасираме маргаринот.
Ја додаваме сардината и продолжуваме со пасирањето.
Рендаме две варени јајца.
Додаваме 1 пакетче мајонез.
Додаваме едно пакетче сенф.
Прелеваме со половина исцеден лимон.
Ја соединуваме смесата и сервираме.
Можете да декорирате со младо кромитче , ветува добар вкус.

Забелешка
(Има сардина со додаток на домати во конзервата. Мене воопшто не ми се допаѓа така .Но секој има посебен вкус , па пробајте )
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови