Денес ви пода­ру­вам рецепт за едно­ста­вен десерт со кој ќе го засла­дите апе­ти­тот на секого.
1. Делете ги јајцата во два сада во еден белтоци во друг жолтоци.
2. Со миксер матете ги белтоците и постепено додавајте од шеќерот.
3. Матете додека да се растопи шеќерот потоа изматете ги жолтоците и додајте ги во белтоците.
4. Повторно матете додека се соединат и додајте ги млекото, зејтинот и прашокот за пециво.
5. На крај додајте го брашното и промешајте со лажица.
6. Смесата истурете ја во тепсија број 32 претходно премачкана со зејтин и посипена со брашно.
7. Печете на претходно загреана рерна од 180С додека да добие златно кафеава боја.
8. Во тенџере на оган растопете го шеќерот.
9. Откако ќе се растопи додајте 800мл млеко и оставете шеќерот да се соедини со млекото.
10. Пудинзите промешајте ги со останатите 200мл млеко и додајте ги во тенџерето.
11. Мешајте додека да добите густа смеса.
12. Смесата оставете ја да се излади.
13. Во друг сад со миксер изматете ја слатката павлака и додајте ја во изладената смеса и повторно матете додека да се соединат.
14. Пандишпанот делете го на 2-3 дела и филувајте пандишпан-фил и на крај премачкајте ја целата торта со преостанатот фил...Добар апетит..

Забелешка(совет)-за декорација користите изрендано или растопено чоколадо...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани