Макароните сварете ги и исцедете ја водата. Во истиот сад ставете го маргаринот и мешаниот сув зачин и мешајте ги макароните додека маргаринот не се стопи.

Изматете ги јајцата и во нив додадете ги млекото, павлаката, пармезанот и сирењето. По желба додадете и бибер.

Макароните ставете ги во сад за печење. Врз нив истурете јас смесата со јајца и промешајте за убаво да се распредели. Одозгора ставете го ренданиот кашкавал и по желба наросете со чили и оригано.

Се пече 15-20 мин на околу 200 степени или додека не добијат златна боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови