Има повеќе верзии на оваа прекрасна торта. Ова е мојата верзија, се надевам ќе ви се допадне... )))
Инаку ја направив за роденденот на мојот син, кој беше пресреќен, после секој залак го слушав неговото ммм...

За пандиспањите состојките ги делиме на 3 дела, бидејќи се печат 3 кори од по 5 белки, прстофат сол, 105гр. шеќер, ванила, 1 лажива оцет, 66-67гр. брашно, 100гр. сецкан лешник или орев, 1/2 пециво.Се подготвува на стандарден начин, се матат белките, редоследно додавајќи ги наведените состојки.Се печи на хартија во тркалезен калап со пречник од 28цм., во загреана рерна за време од 25 мин. на 180 степени или зависно од вашата рерна.
Постапката се повторува 3 пати.

За подготовката на филот се матат жолчките пенасто. Во околу 200-250мл. млеко се раствораат пудинзите и нишестето, смесата треба да биде течна, без грутчиња. Ги соединуваме со изматените жолчки. Уште малку проматуваме со миксер.Така подготвената смеса ја истураме во остатокот од млекото кое сме го ставиле на оган заедно со шеќерот и ванилата да зовријат. Вариме со постојано мешање на умерен оган, додека згусни кремот.
Веднаш го делиме на два дела и му го додаваме црното и белото чоколадо. Ги покриваме со најлонска фолија, која ја поставуваме дирекно на кремот, за да не ни фати коричка додека се лади.
За тоа време го матиме путерот. Исто и шлаг пените со млекото.
Во изладениот крем, но не сосема им додаваме по пола од путерот или маргаринот (кој претходно бил на собна т. за полесно да се поврзи со кремот), убаво соединуваме со миксер.
Им додаваме и по половина од вкупната шлаг пена, внимателно со лажица или може и со миксер на најслабо, но во сега убаво ладен крем (шлагот ако се додади во не подполно изладено може да се стопи и да го разреди кремот). Двата фила сега комплетно се готови.

За преливот или ганашот кој го ставаме врз корите ја загреваме слатката павлака до пред вриење. Исто и чоколадото го топиме над пареа. Го тргаме чоколадото од над пареа, му ја додаваме загреаната слатка павлака и мешаме од центарот, средината на садот кон надвор додека убаво се соедини и добиеме убава глатка, сјајна смеса. Оставаме да се излади на собна температура, со повремени промешувања. Може да се направи и пред да се започне да се прави тортата.

Финална постапка
Кора-ганаш-црн фил-жолт фил, кора-ганаш-црн фил-жолт фил.
Се става и третата кора која малку се премачкува со фил, исто и странично. Потоа цела торта се премачкува со изматената слатка павлака, повторно во тенок слој. Остатокот од слатката павлака се дели на два дела, едниот помал-кој ќе го обоиме со лилава прехрамбена боја, а др. останува бел.Со помош на шприц правиме туфнички, кои убаво се гледаат на фотографијата.

*За слатката павлака да биде поцврста се додава шлаг пената, на пола литар-една кесичка и така се мати.

Се надевам ви се допадна по опишувањето на начинот на кој ја подготвувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани