Оваа прекрасна салата се подготвува на брз и едноставен начин.
Пченката се меша со туната. Доматите и краставиците се сецкаат на коцки и се додаваат во туната. Настрана се дроби марулата.

Садот со туната се истура врз марулата и благо се промешува.
Се посолува и се додава масло.

Како прелив можете да користите мајонез помешан со бело вино.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови