Месо го сечеме на ленти, во него сипаме црвено вино и сечкан магдонос, посолуваме, додаваме црн пипер се убаво промешуваме и ставиме во фриждер на 2 саати да се маринира.
Јајца ги матиме. Брашното и лебните трошки ги ставаме во 2 чинии.
Го вадимо месо од фриждер и малку го обаруваме со маринадата.
Обареното месо го валкаме во брашно, после во јајца и во лебни трошки ставиме во загреан зејтин да се пржи.
Испрженото месо го ставаме на салфетка да впие мрсно.
Го сервираме на чинија со малку салата од марула и краставици.
На секое парче капаме по капка кетчап.
Месо малку е специфично има вкус на вино. Пробајте.
ДОБАР АПЕТИТ!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани