Јајцата и шеќерот ги матиме пенесто, потоа се додава брашното и пецивото и се меша убаво. Во тавче се става хартија и врз неа се посипува 1/3 од белата смеса, во преостанатата бела смеса се додава какаото и циметот убаво се меша и се истура врз белиот дел. Се пече 15 минути во зависност од јачината на рерната, јас си проверувам со чепкалка кога е печено. Откога ќе се испече тестото се витка во влажна крпа и се остава да се излади. Џемот од сливи и румот се става во блендер и кратко се блендира. Врз изладениот ролат се става филот и се витка ролатот. Чоколадото и маслото се топат и ролатот се премачкува, се остава да се излади и се служи.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови