Црешите ги миеме и им ги вадиме семките.
Матиме путер и шеќер, па додаваме ванила и кора од лимон.
Полеваме ликер од цреши.
Додаваме пополека јајце по јајце и матиме, па додаваме брашно помешано со пециво. Наросуваме прстофат сол.
Од брашното делиме една лажица во која ги промешуваме црешите.
Така извалкани во брашното ги додаваме во смесата и промешуваме со лажица. Полниме книжни корпички и печеме во калап за мафини.
Кога се топли ги прелеваме со глазура од тортенгуст или желатин помешан со парчиња цреши, 5-6 лаж шеќер и 200 мл вода.
Оставете да изладат и служете.
Оваа смеса ја користам и за колач. Печам во долгнавест плех и откако ќе згусме и излади глазурата го сечам колачот. Еве ќе прикажам слика и од колачот.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови