Најпрво што треба да се направи е нутелата да се замрзни.
Во мал плех обложен со алуминиумска фолија на 12 места наредете по едно лажиче нутела и ставете го фрижидер два часа да се замрзнат. Потоа подгответе ги мафините.
Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот и ванилата, додајте ги маслото , млекото и кратко измешајте ги да се изедначат.
На крај додајте го брашното измешано со пецивото и со лажица измешајте ја смесата да нема грутчина.
Смесата ставете ја во калап за мафини обложен со хартиени кошнички, земете ја смрзнатата нутела и на секој мафин наредете по едно парче.
Се печат на 180 степени околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани