Започнуваме со квасецот во него ставете мала количина млако млеко со една лажичка шеќер и една лажичка брашно измешајте да се растопи квасецот,оставете да одстои пет минути додека го зголеми волуменот.
Во пластичен сад за месење ставете ги сите течни состојки предходно загреани заедно со квасецот и оцетот постепено додавате брашно.Замесувате средно меко тесто кое ќе се одлепува од садот,тестото префрлете го на работната маса и повторно месете да добиете убаво мазно тесто,оставете го покриено да стаса.
Од стасаното тесто формираме мали топчиња,за еден мафин ни требаат три расукани топчиња.Големината е како тацна од филџан,трите кори ги премачкуваме и ги преклопуваме како палачинки.Потоа ги ставаме една до друга и мотаме како ролат или ружа(појасно ќе ви биде доколку ги пратите дополнителните слики).
Калапот за мафини го намрсуваме и во него ги редиме ружичките, јас не ги премачкав со ништо. Ги печев на 200 степени половина час додека не добијат убава боја.
Забелешка.
Полнењето може да биде по ваша желба нутела,рендани јаболки со ореви.....посолете со шеќер во прав и уживајте.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани