Во млакото млеко ставете го квасецот со шеќерот и малку брашно да втаса.
Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува тесто помеко.
Се остава да кисни 15 минути.
Се сучи кора и се вадат форми на мали ѓевречиња со помош на 2 чаши.
Се редат на чист чаршав и после 10 минути се пржат на умерен оган.
Топли се валкаат во шеќер во прав.

Вкусен, миризлив појадок со чаша топол чај или млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани