Загрејте ја рерната на 250 степени. На плех бр. 36 (20х30) ставете хартија за печење или намачкајте со масло и побрашнете.

Во сад ставте го јајцето со шеќерот и миксирјте додека шеќерот се стопи и јајето се запени. Додајте ги останатите состојки и измешајте со лажица да се соедини и да нема грутчиња. Ставете го во плех и да се пече на 200 степени 30-35 мин додека има бледа кафена боја или проверете со чепкалка или рака. Извадете го и избоцкајте со со вилушка. Полејте го со млекото(ладно).Оставете да се излади.

Филот направете го 1 час порано.
Одвојте 200 мл млеко, а другото ставете го да се загрее. Во 200 мл млеко растворете го брашното со шеќерот и какаото, мешајте со лажица додека снема грутчиња. Кога млекото почнало да зоврива полека сипете го и постојано мешајте додека згусти.Тргнете го и ставете го маргаринот на коцки и имешајте деодека се стопи. Покријте со транспарента фолија и оставте го во фрижидер да се излади и стегне. Извадете го и измиксајте го со миксер за да се добие крем. Ако е многу густ додајте неколку лажици млеко.

Филот ставете го на пандишпанот и изрманете. На него ставете го изматениот шлаг. Оставете да се здрви шлагот во фрижидер. Сечете штангли или коцки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови