Се матат 4 јајца со 1 лажице сол.
Брашното се меша на страна со пецивото.
Откако убаво ќе се изматат јајцата, се продолжува да се меша со лажица и се додаваат јогуртот, зејтинот и брашното.
Потоа се додаваат морковот, цвеклото, сирењето и магданосот.
Смесата се става во подмачкан плех-куглов.
Се пече 25-30 минути на 220 степени.
Пријатна вечера!
Наместо магданос знам да си додадам спанаќ или зелје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови