Овој рецепт е на другарка ми Бети. Прв пат го пробав и многу ни се допадна. Особено делот кога мацкавме од сосот =))

Кромидот ситно се сецка и се пропржува во врело масло додека не омекне. Доматите се сечат на половина и се рендаат во кромидот на крупната страна од рендето.

Се промешува, се додава црвениот пипер и се става во тавче да се пече. Се пече во загреана рерна на 200 степени додека не испари течноста. Кога ќе биде при крај се ставаат цели јајца врз смесата од домати и кромид и се допекува додека не се стврднат по желба. Ако сакате жолчката да остане мека и течна, ќе внимавате помалку да се пече. Бројот на јаца зависи од бројот на лицата за кои што се приготвува ручекот.

Лесно, брзо, вкусно и рецепт кој всушност се приготвува од око и никако не може да се утне.
Младунче кога ги виде јајцата испечени рече
- МајкА, види, јајце на ОКОЛУ има (јајце на око) =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани