Има многу верзии на оваа чоколадна торта, но не ја сретнав оваа верзија која според мене е најсочна и има најкремаст фил од сите.
Прво го подговтуваме првиот фил. Водата, шеќерот, какаото, чоколадата ги ставаме на тивок оган и мешаме убаво да се соединат. Го оставаме настрана да се излади.
Матиме 8 белки со 200гр шеќер додека не добиеме цврст шлаг. Го додаваме брашното, презлата, пецивото и 4 лажици од првиот фил. Печиме во загреана рерна на 180 степени 20-25мин.

Почнуваме со подготовка на вториот фил. Жолчките ги матиме со шеќерот во прав и румот. Ги ставаме да се варат на пареа. Смесата ќе биде течна, но не грижете се. Маргаринот го матиме пенасто и му го додаваме првиот фил убаво да се соединат и на крај изладените жолчки. Убаво матиме да добиеме прекрасен кремаст фил. Испеченото тесто го сечеме на 3 ленти и го филоваме со филот. Украсуваме по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови