Обарете го спанаќот ако сте го замрзнале необарен или пак ако користите свеж. Оладете и исцедете го, па потоа ситно исецкајте го.

На неколку лажици загреано масло запржете го брашното. Налејте ја водата и додадете го спанаќот. Доколку сакате да користите свеж лук, тогаш испржете го него пред да го додадете маслото. Додадете ги наведените зачини и варете го откако ќе почни да врие околу 5 минути. Потоа додадете ја павлаката за готвење. Откако и таа ќе почне да врие, варете уште 5 минути со лесно мешање.
Тргнете од оган и сервирајте со тестенини, месо, њоки, дури и во пире или пак едноставно измакајте го со леб. Секако е вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани