Овој колач има сосема едноставни состојки, не е ни подготовката не знам како сложена, но бара трпение, рерната не треба да се отвора за време на печењето, а потребни ви се и калап за печење на колачот со отвор во средината како и едно шише или тегла со тесно грло кое во пречник одговара на отворот на калапот за да може на него колачот отпревртен да се лади.

Белките треба да бидат на собна температура. Оваа количина на материјал е за калап со пречник 24 цм, а јас секогаш ја печам поделена во два калапи со пречник 16 цм. Калапот не смее да биде од нелеплив материјал, ниту пак претходно треба да го намастите.
Во овој рецепт се користи брашно за торти и колачи, кое ако го немате, одземете од наведената количина две лажици и додајте 2 лажици густин.

Загрејте ја рерната на 180Ц.
Во еден мал сад измешајте ги со жица брашното, 100 гр шеќер и солта.
Во голем сад за матење ставете ги белките на собна температура. Матете со средна брзина додека не се запенат, па додајте лажичка тартарат (cream of tartar). Ако немате заменете го со 1 лажичка лимонов сок. Продолжете да матите со средно голема брзина додека не добиете мек снег, па малку по малку додавајте од шеќерот матејки цело време. Матете само додека не добиете цврст, но не сув снег. Додајте го ванилиниот шеќер.
Со шпатула или лажица постепено, малку по малку измешајте ја во белките мешавината од брашно, шеќер и сол, внимавајки да не ги спадните белките.
Истурете ја смесата во калапот и ставете да се печи.
Печете околу 40 мин. Кога е готов колачот рабовите сосем малку ќе се одвојат од калапот, а површината ќе биде златно кафеава.
Веднаш превртете го калапот наопаку ставајки го отворот на грлото на шишето или теглата кои претходно ги подготвивте. Оставете го колачот да се олади до крај.

Внимателно, со тенок нож одделете го колачот од калапот и извадете го.
Можете да го служите без додатоци или посипан со прав шеќер, прелеан со овошен сос или сируп или дури и да го филовате со крем по ваша желба.
Ако колачот добро направен треба на крај да биде лесен како облак. Сечете го само со назабцен нож, за да не добиете деформирани излепени парчина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови