Се замесува тесто од состојките и се остава во фрижидер околу 20 минути. На маса се сука кора и со помош на ребраст нож или калап се ваѓаат колачи - лентички со ширина околу 1 см и должина околу 5см.
Така исечените кекси се редат во плех на хартија и се печат 10-12 минути на 170степени.
Оладени се спојуваат со мармалад,  па краевите им се макнуваат во растопена чоколада и кокос.
Овие кекси може да се служат и неспоени и така се меки од кокосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела