Во тава на оган ставаме масло да се загрее и го пропржуваме претходно исецканиот кромид заедно со сланината исечена на коцки.
Потоа во длабок сат со жица за матење ги матиме јајцата и ја додаваме павлаката со малку рендан кашкавал и зачинуваме со малку сол, црн пипер и оригано. Промешуваме.
Во тава за печење ставаме хартија и го ставаме тестото, врз тестото ја истираме претходни подготвената смеса со јајца и пржената сланина со кромидот и зејтинон во кој се пржени. Одозгора ставаме рендан кашкавал и печеме околу 30-40 мин. во загреана рерна на 200 степени.
Многу е вкусно и ладно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови