Брашното се сее.
Се додава сувиот квасец и пецивото во средината на брашното, па се се замесува.
Замесете заедно со киселото млеко, пресното млеко, маслото.
Додадете јајце, сол, шеќер и месете убаво додека не добиете фино тесто. Покријте го со крпа и нека стаса.
Развлечете кора кога е готово тестото.
Со калап вадете тркалца од тестото како за крофни.
Од истиот калап вадете тркалца и од саламата.
Ставете прво едно тркалце тесто, па едно тркалце салама.
Затворете пак со тесто.
Со ножот засекувајте од крајот кон внатрешноста, да добиете неколку триаголници од кругот.

Видете на сликата.

Секој тријаголник, завртете го навнатре .
Редете во намастен плех, па мачкајте со разматена жолчка прскајте ленено семе, сусам ким, кој што сака.
На секоја детелина ставете по едно парче путер и ставете да се пече.
Печете во загреана рерна на 200 степени.
Штом заруменат вадете.
Покријте со крпа, нека постојат 5 минути, па служете.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови