Многу вкусен колач,лесен за подготовка,а уште полесен за дегустација...Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне

1. Јаболката ги лупиме и чистиме од семки,потоа ги сечеме на 8 до 10 кришки и сувите смокви исто ги сецкаме на 2-3 дела

2. Го топиме шеќерот на средна температура на оган додека не се карамелизира,но внимавајте да не ви изгори и потоа го истураме во огноотпорен сад во кој што ќе го печиме колачот

3. Врз карамелот ги редиме кришките јаболка и измеѓу секоја кришка ставаме по две три сецкани смокви- значи јаболко- смоква- јаболко и ги наросуваме со циметот и каранфилчето

4. Ги матиме јајцата, го додаваме брашното и сокот од портокал, промешуваме и оваа смеса ја нанесуваме врз овошјето

5. Потоа го рассукуваме лиснатото тесто во големина на огноотпорниот сад и го ставаме врз овошјето со виљушка го прободуваме на повеќе места и краевите од тестото убаво ги вовлекуваме во садот

6. Печеме во загреана рерна 25-30 минути на 200 степени и го вадиме колачот и веднаш го превртуваме на чинија за сервирање - при што јаболката ќе бидат од горната страна

7. Оставате да се подизлади и декорирате со шлаг крем-по желба

Јас никогаш не можам да дочекам да се излади и додека да го шлагирам веќе половината го снемал хехехе

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови