Необична може ви се чини според преливот, но да дознаете колку е вкусна, ќе мора да си ја спремите. Запишан ви е оригинал рецептот, но трпи и измени доколку ги немате сите намирници
Постапка
1. Исечете ја зелката покрупно, на ленти исечете морковот, на трклаца исечете го младиот кромид заедно со перцата- зелениот дел- сето ова ставете во садот во кој ќе ја спремите салатата.
2. Кикиритките испржете ги во сад со 2 лажици зејтин, тргнете ги и извадете, оставете нека оладат. Зејтинот зачувајте го.
- Оладените кикирики истолчете ги.
3. Во сад ставете медот или шеќерот, солта, соевиот сос, водата, лукот, зејтинот од сусам, оцетот, измешајте, додадете ги толчените кикиритки и зејтинот кој остана од нивното пржење.
4. Сосот истурете во предхоно здорбеното за салатата, измешајте. За вкус пробајте и додадете сол или едноставно прилагодете за киселот или солено според вашиот вкус.
Салатава вреди навистина.

Забелешка
- Доколку немате соев сос, изоставете го, исто така е добра салатата и без него, секако позбогатен е вкусот доколку се постапи по рецептот, ова го пишувам заради тоа што можеби во моментот немате или некој не сака да консумира соев сос.
- Ако немате зејтин од сусам, заменете го
Салатата има поинтензивен вкус доколку предстои најмалку барем 3-4 часа, а фантастична за наредниот ден, затоа јас ја спремам одвечер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани