Овој рецепт го најдов во „Сладок готвач„, во издание на просветена жена. Да нагласам во рецептот немаше пециво јас си додадов. Се матат 4 жолчки со шеќерот со миксер. Додаваме изрендана кора од лимонот. Се додаваат брашното и путерот и се замесува потврдо тесто.Тестото се остава да одстои 2 часа на студено место, јас го ставив во фрижидер. Одлежаното тесто се валка со дланките во подолг валец и се исекува на 20 делови. Секое делче го расукав како јазиче и го мотав во ролничка како што се гледа на сликата.Ролничките се редат во подмачкан плех и се премачкуваат со 1 жолчка. Се чека 5 минути да се потсуши жолчката, а потоа со мокар нож се засекува секоја ролничка по должина. Се печат на 225 степени 15 минути. За време на печењето ролничките ќе напукнат по должината.Ролничките испаднаа вкусни и крцкави и ви ги препорачувам. Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани