Фини меки и жолти суви колачи со крцкава кора и мека внатрешност со вкусна нежна нота на лимон и магијата на оревот...
Со жица изматете го тиквеното пире со шеќерот. Потоа додајте го омекнатиот маргарин и на крај јајцето. Сувите состојки додавајте ги по ред и при тоа мешајте со шпатула, а на крај откако ќе го додадете и брашното измесете со рака. Ќе добиете меко тесто. Со намастени раце поделете го на 2 дела. Во едниот додајте ги оревите кои предходно сте ги иситниле во сецко, а во другиот афионовото семе и ренданата кора од лимон. Правете мали топчиња кои малку ќе ги сплескате и врз нив ќе наредите од црни чоколадни струготини врз тестото со ореви и бели врз тестото со афион. Печете ги во загреана рерна од 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани