Вистинскиот рецепт нема прецизни мерки. Пишани се мерки со раце, па затоа јас премерив и пишав на двата начина.
Во млаката вода го додаваме квасецот и оставаме да стаса.
Кога квасецот е готов го истураме во брашното.
Додаваме шеќер и масло и замесуваме тесто.
Оставаме да стаса околу 30 минути на топло, а потоа го размесуваме тестото.
Расукуваме кора дебела еден прст и со калапче или со чаша вадиме округли форми.
Во средишниот дел ставаме мармалад и го превиткуваме кругчето на половина.

(Мармаладот нека биде по ваша желба, каков имате )

Притиснуваме со вилушката по краевите.
Кој има калапче може да го искористи во овој рецепт.
Веднаш ги редиме во тава која претходно не сме ја намастиле.
Се печат во загреана рерна на 150 степени.
Откако ќе заруменат се вадат од плехот и веднаш се валкаат во шеќер во прав.
Убавиот појадок веќе е подготвен.
Можете да го понесете како ужинка.
И што е најбитно, колку повеќе стои толку поровко и повкусно е.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови