Уште една верзија на Егзотик торта на мој начин.
Се матат белките со шеќерот во цврст снег. Се додава оцетот, брашното, сецканите ореви и пецивото и се меша пополека со дрвена лажица. Тестото се печи во намрсен плех на 180 степени 20-25минути.

Прв фил
Жолчките се матат со шеќерот и ванилата, се ставаат на пареа, а настрана густинот се меша со млекото, се додава на жолчките и се вари крем. Изладениот крем се додава на 150гр изматен маргарин.
Втор фил
Се матат жолчките со шеќерот, се варат на пареа, се додава и чоколадото да се добие мазен крем. Се остава кремот да се олади и се соединува со предходно изматен 200гр маргарин. Тестото се сечи на 3 ленти и се филова наизменично со двата фила.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови