Го ставаме брашното на дрвена подлога за сукање кори во средината во брашното ги ставаме јајцата, солта и зејтинот.
Полека го замесуваме тестото почнувајки од внатрешноста.
Се измесува убаво со раце додека не добиеме убаво и меко тесто (ако е лепливо додаваме малку брашно во случај да испадне тврдо тестото додаваме 1-2 лажици млака вода)
Го оставаме тестото да отстои околу половина час замотено во фолија.

Потоа правиме топчиња од тестото (јас правам 3 топчиња така полесно ги расукувам ако сте вешти со сукалото може и на два дела да го поделите)
На подлогата за сукање ставаме малку брашно и расукуваме тенки кори од тестото. Ги ставаме да се подисушат малку околу 15 мин и потоа ги сечеме на ленти за лазањи.
(од ова тесто може да си направиме и различни видови на свежа паста не само лазањи)

Подготовка на сосот
Кромидот и лукот ги сечеме на мали парчиња и ги ставаме да се пропржат и во нив го додаваме морковот изрендан го пржиме и него и на крајот го додаваме меленото место, малку црн пипер, сол, вегета.
Кога место е готово го додаваме сосот од домати и оставаме да се вари околу 30 мин на тивок оган.

Потоа го подготвуваме и бешамел сосот
Во едно тенџере го ставаме путерот да се растопи и го додаваме брашното и го пржиме малку, го додаваме млекото (треба да е топло) малку сол и изренданото морско оревче и вариме додека не се згусне сосот.

Корите за лазањи ги вариме 2 - 3 мин. во зовриена вода со малку сол и потоа ги редиме во тавчето. Најпрво одоздола ставаме малку од болоњезе сосот па ставаме ред од лазањите, врз нив од бесамел сосот па од филот болоњезе и се така додека имаме лазањи и сос.
Одозгора ставаме и сецкана моцарела и ги ставаме да се печат на 180 степени 30-40 мин.

Јас направив и варијанта со печурки по истата постапка само наместо болоњезе сосот ставив печурки испржени со малку лук и на крајот додадов магдонос.

Забелешка- најпрво се подготвуваат сосовите, па потоа се сукаат корите за лазањи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови