Домашното лепче ние го правиме постојано во нашиот дом. Рецептот е секогаш истиот. На овој рецепт се задржавме по сите испробани.
Користиме најчесто наше домашно интегрално пченично брашно мелено на воденица, ретко користиме бело, но соодност е истиот.

Сувите состојки се мешаат, квасецот се раствара во водата (200мл), не се чека да стаса (да се активира), водата се додава во брашното и се замесува меко тесто.
Поклопено се остава да стаса и готово е за окулу 40ина мин. Повторно се замесува, но овој пат се дели на делови и се става во калапите за векни на Делимано да се стаса уште еднаш.
Се пече во загреана рерна на 200 степени 20ина минути, па уште 20ина минути на 180.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани