Подготовка на пудингот од чоколадо.
Во тенџере на оган ставте 400 мл млеко и додајте го шеќерот. Пудингот од чоколадо промашајте го со преостанатите 100 мл млеко. Откако млекото ќе почне да врие додајте го пудингот и мешајте додека да ја добиете потребната цврстина.
Садовите во кој ќе го ставте пудингот ставте ги на тацни така што да дојдат косо како на сликата (1 и 2). Истурете го подеднакво во сите 6 садови и оставте го да се излади.
Подготовка на пудингот од ванила.
Во тенџере на оган ставте 400 мл млеко и додајте го шеќерот. Пудингот од ванила промашајте го со преостанатите 100 мл млеко. Откако млекото ќе почне да врие додајте го пудингот и мешајте додека да ја добиете потребната цврстина.
Тацните тргнете ги така што сега садовите треба да ви бидат во рамна површина како на слика (3).Истурете го подеднакво пудингот во сите садови и на крај посипете ги со мелениот орев.Оставте да се олади па послужете го. Добар апетит..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани