1. Во брашното се става малку сол и шеќерот. Квасецот може посебно да се припреми да стаса, но јас го ронам директно во брашното. Се додава зејтинот и млаката вода или млеко колку прима тестото за да биде замесено помеко т.е. како за кифлички.
2. Се меси се додека почне да се одвојува од садот и се остава да стаса.
3. Откако ќе стаса се одвојуват од тестото две поголеми топки за главата и брадата, една помала за капата, уште помала за топчето на капата и најмала за носето.
4. Од првата поголема топка се сука овална кора и се става во набрашнет плех.
5. Од второто поголемо топче исто се сука овална кора која се сече во долниот дел на ленти, но не до горе.
6. Исечената кора се става на долниот дел на овалната кора која е во плехот и лентите се мотаат во суканици.
7. Малото топче се става на преклопениот дел од капата, а помалото топче кое ќе биде носот на дедо Мраз веднаш над брковите кои се прават од помалото парче кое се сече исто на ленти од двете страни но хоризонтално. На крај се ставаат две зрнца суво грозје за очи.
8. Со прехрамбена боја се премачкува капата и носот, а со јајцето цела брада, брковите и топчето на капата.
9. Се пече на згреана рерна на 180 степени околу 20 мин.  додека не зарумени брадата

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови