Еве уште една добра идеја за брза вечера или доручек. Може да си ја менувате во каква варијанта сакате, со бел, интегрален или ржан двопек и фил по ваш вкус. Мерките за филот се произволни па ако сакате збогате ја со повеќе и поразлични вкусови. Подготовката е многу едноставна

1. Вклучете ја рерната на 220 степени да се загрева додека ја припремате пицата.
2. Двопекот искршете го на помали парченца и со него покријте го дното на избраната тава во која ќе ја печете пицата. Ако ви е малку оваа количина удвојте ги мерките. Со топла вода залејте го двопекот да омекне.
3. Разматете две јајца, посолете по вкус и прелијте ги врз омекнатиот двопек. Ставете рендан млечен кашкавал, парченца чадена сланина, сецкани маслинки и ситно сецкан млад кромид. На крај врз пицата ставете на коцки исечен домат или доматно пире.
4. Печете околу 30 мин

Кога е печена пицата наросете оригано, мајчина душица, лук во прав или други зачини по вкус.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови